Connect with us

Фудбал

Јувентус сака да го врати поранешниот играч

Јувентус бара засилување.

Со шампионот на Италија, неколку играчи се поврзани, а желбата на лидерите на „Старата дама“ е да ангажира висококвалитетни дефанзивци.

Меѓутоа не сакаат да издвојат луди цифри, па Јуве се сврте кон својот поранешен играч.

Италијанските медиуми тврдат дека „Бианконерите“ контактирале со 32-годишниот марокански стопер Меди Бенатија и се обиделе да го вратат во Торино.

Бенатија одлучи да го напушти клубот во јануари поради недостаток на минутажа. Тој потпиша за „Катар Ал Духаил“ и Јуве заработи 8 милиони евра.

Сепак, потребата за квалитетни фудбалери во одбраната ги натера повторно да го контактираат Мароканецот. Ќе видиме како ќе биде одговорот, но сигурно повикот на Јувентус не се одбива толку лесно.

Бенатија го носеше дресот на Јувентус две и пол години. Пристигнал од Баерн Минхен и во Торино освоил две титули во шампионатот.

Вкупно, одигра 60 натпревари за „Старата дама“ и постигна пет гола.

Претходно, тој играше за Рома, Удинезе, Клермон, Лориент и Турс, покрај Јувентус и Баерн.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com