Connect with us

Фудбал

Како е можно Иран да направи шест замени против Англија?

Англија го победи Иран со 6:2 во првото коло од групата Б на Светското првенство. Натпреварот беше решен во првото полувреме со головите на Џуд Белингем, Букаја Сака и Рахим Стерлинг. Во вториот дел Сака го постигна својот втор гол, а стрелци беа Маркус Рашфорд и Џек Грилиш. Мехди Тареми постигна два гола за Иран.

При едно нафрлување на Хари Кејн на почетокот на натпреварот, се судрија иранскиот голман Алирез Бејранванд и дефанзивецот Маџид Хосеини. Лекарите седум минути му помагаа на Бејранванд, кој најпрвин сакаше да ја продолжи играта, но потоа дезориентиран од удар во глава го напушти теренот и влезе Хосеин Хосеини.

Посебно правило

До крајот на натпреварот Иран направи дури шест замени, иако според вообичаените правила смеат да направат пет. Сепак, ова не беше обична ситуација. Имено, поради се почестите случаи на потрес на мозокот и нивните тешки последици кај фудбалерите, за овој Мундијал е воведено ново правило.

Доколку постои сомнеж за потрес на мозокот, фудбалерот е должен да ја напушти играта, но репрезентативците оваа замена не ја вбројуваат меѓу петте на кои имаат право. Овој тип на замена се третира по потреба.