Connect with us

Фудбал

Камерите го забележаа моментот кога дефанзивецот на Барселона се збогуваше со соиграчите на тренинг

После две години Барселона конечно успеа да се ослободи од Самуел Умтити.

 

Францускиот дефанзивец упорно одбиваше да ја напушти Барселона, но откако клубот му ја намали платата, тој немаше причина да ги одбие сите други понуди.

 

Утринава Џалука Ди Марцио објави дека Самуел Умтити конечно го напушта каталонскиот клуб и дека кариерата ќе ја продолжи во италијанската Серија А со Лече.

Лече успеа да се врати во друштвото на најдобрите минатата сезона и донесе неколку засилувања, а сигурно доаѓањето на Умтити ќе биде одлична работа за овој клуб.

 

Умтити пристигнува во Лече на едногодишна позајмица и Италијанците ќе имаат можност да го откупат неговиот договор од Барселона на крајот на сезоната доколку францускиот дефанзивец ги оправда очекувањата.

 

Дека неговото заминување во Лече е веќе завршена работа најдобро се виде на утринскиот тренинг на Барселона, каде во центарот на вниманието беше Умтити.

Имено, пред почетокот на тренинзите на Барселона, камерите успеаја да го фатат моментот кога тимот се прости од Умтити, а Французинот денеска ќе замине за Италија каде и официјално ќе потпише за Лече.

Умтити секако треба да биде огромно засилување за Лече, а во италијанската лига само се надеваат дека Французинот ќе ги надмине проблемите со повредите на коленото со кои мораше да се справува во претходните сезони.

 

Овој 28-годишен фудбалер пред шест години од Лион пристигна во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.

 

За шест години одигра 133 натпревари во дресот на каталонскиот клуб, постигна два гола и забележа една асистенција.