Connect with us

Фудбал

Канал + објави: Набил Фекир има нов клуб!

Францускиот фудбалер Набил Фекир ќе игра во англиската Премиер лига следната сезона.

Фекир имаше многу успешна сезона во Лион, со кој се избори за групната фаза од Лигата на шампионите, но беше јасно дека овој клуб тешко ќе го задржи во своите редови по нереројатната игра.

На крајот, се чини дека Фекир го избра Ливерпул. Канал + објави дека е “99% играч на Ливерпул”, па така тој и Наби Кеита треба да формираат моќен централен тандем зад Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Сади Мане.

Овие информации ќе бидат воодушевувачки за навивачите на англискиот клуб кој ќе игра против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

Во спротивно, Лион ќе заработи 60 милиони фунти со продажба на Фекир, а Французинот го објави крајот на авантурата воЛион по вчерашниот натпревар против Ница.

“Тука сум поминал извонредна сезона, играв пред прекрасни навивачи и ја завршивме со стил оваа сезона”, рече Фекир.