Connect with us

Фудбал

Капело не ги поштеди Роналдо и Меси: Тие немаат почит

Вчера во Лондон беше доделена наградата за најдобар играч во 2018 година од страна на ФИФА.

Наградата за  најдобар фудбалер ја доби Лука Модриќ, а покрај него во конкуренција за ова престижна награда се наоѓаа и уште и Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Салах беше во Лондон, додека Ронолдо не се појави исто како и неодамна на доделувањето на наградите на УЕФА.

На манифестацијата не се појави ни Лионел Меси кој беше во конкуренција за најдобар гол во сезоната и кој заврши во најдобриот тим.

Тоа што Меси и Роналдо не се појавиа на церемонијата на многумина не им се допадна, па така и на легендарниот италијански стратег Фабио Капело кој беше во Лондон.

„Фактот што не дојдоа покажува дека немаат почитување. Кога се доделуваат оскарите сите номинирани се тука. Можно е дека овие награди тие ги добиа премногу пати и не сакаат да губат“, истакна Капело, па додаде:

„Но морате да бидете грациозни и кога губите, исто како кога победувате“.