Connect with us

Други спортови

Карабатиќ: Ова злато не го освоив ниту за децата, ниту за семејството. Го освоив за себе

Франција вчера во ракометната класика по продолженија ја совлада Данска со 33:31 и го освои четвртото европско злато во историјата. Никола Карабатиќ (40) ги има сите четири во својата колекција. Веројатно најдобриот ракометар во историјата го одигра своето последно евро и тоа го направи на спектакуларен начин, а сепак ќе игра за Франција на Игрите летово во неговиот роден град Париз. Тоа ќе биде неговиот „Последен танц“.

„Ќе можам да им кажам на децата за тоа што се случи. Целото семејство беше на трибините и ќе можеме да славиме заедно. Тоа е навистина убаво чувство“, изјави Никола Карабатиќ по натпреварот.

Новак Ѓоковиќ во неколку наврати изјави дека за него посебна мотивација е играњето пред децата и семејството.

„Секако дека е посебен мотив кога се децата таму, даваат посебна енергија. Но, јас не го играв овој турнир за деца, не играв за семејството, не играв за публиката, го играв за себе. Знам дека ова е мојата последна сезона и тоа ми даде дополнителна енергија. Знаев дека ова е моето последно ЕП и тоа ми даде дополнителна сила. Навистина сум среќен што успеавме да го земеме тоа злато. Покажавме и игра и ментален квалитет.“

Карабатиќ во својата кариера освои дури 11 златни медали на големите натпреварувања.

„Се разбира, никогаш не сонував дека ќе победам толку многу. Но, кога ќе го освоиш првото на многу млада возраст… Тренирав многу во кариерата, работев напорно… Сепак, толку многу злата, навистина е неверојатно.“

Последен танц во Париз на Игрите?

„Кој знае, ќе дадам се од себе да бидам таму во август.