Connect with us

Фудбал

Карло Анчелоти го донесе првото засилување во Наполи

Пред неколку дена Наполи објави дека Маурицио Сари повеќе не е тренер на овој тим, и дека легендарниот Карло Анчелоти пристигнал на негово место.

Наполи ќе го напушти Пепе Реина на крајот на следниот месец, а искусниот голман кариерата ќе ја продолжи во Милан. Во клубот не сакаат ништо да препуштат на случајности и веќе најдоа голман кој ќе биде замена за Реин.

Имено, од следната сезона на голот на италијанскиот клуб, ќе го гледаме Руи Патрицио, кој доаѓа од Спортинг Лисабон. Португалецот се договорил со Наполи, а тоа го потврди и неговиот поранешен клуб.

„Кога отидов во Наполи, се беше завршено. Преговорите се во завршна фаза и само се очекува да го направам медицинскиот преглед“, накратко рече Патрицио.

Патрицио ќе потпише договор со Наполи на пет години, а Спортинг ќе заработи околу 12 милиони евра од неговата продажба.