Connect with us

Фудбал

Карло Анчелоти го спореди Лука Модриќ со легендата која ја тренираше во минатото

Лука Модриќ и на 36 години се уште пружа фантастични игри, но се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид.

Одличниот хрватски репрезентативец има договор со кралевите до лето, но се верува дека соработката ќе биде продолжена и затоа никој во Мадрид не крева паника, па дури ни тренерот Анчелоти.

„Модриќ нема да има проблеми со продолжувањето на договорот. Не знам кога ќе се случи, но тој и клубот го сакаат истото“, изјави Анчелоти кој го пофали Лука што се грижи за себе, поради што нема сериозни повреди во текот на кариерата.

„Ако треба да го споредувам Модриќ со некого, тогаш тоа би бил Паоло Малдини“, додаде Анчелоти.

Сезонава Модриќ одигра вкупно 37 натпревари и постигна три гола со девет асистенции, од кои најспектакуларно е против Челзи во реваншот од Лигата на шампионите, кога го ангажираше Родриго, чиј гол ги турна „кралевите“ во полуфиналето.

Реклама

Facebook