Connect with us

Фудбал

Карвахал ќе биде подготвен за СП во Русија

Шпанскиот дефанзивец Дани Карвавал ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија.

Тој беше повреден во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул и мораше да ја напушти играта во текот на првото полувреме. Сепак, за среќа за него денес пристигнаа одлични вести.

Имено, откако поминаа неколку часа во болницата, лекарите на Карвахал рекоа дека ќе биде подготвен за Русија, бидејќи за да закрепне од повреда на тетива максимало ќе бидат потреби три недели.

Како што најави Фудбалската асоцијација на Шпанија, Карвахал ќе закрепнува со своите соиграчи кои се денес ќе се сретнат околу 18:30 часот. Инаку, селекторот на Шпанија, Џулен Лопетеги, им даде седум слободни денови на играчите на Реал Мадрид кои играа во финалето на Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Шпанците во Русија се во групата со Португалија, Мароко и Иран, а првиот натпревар ќе игра против Португалија на 15-ти јуни во Сочи.