Connect with us

Фудбал

Касиљас останува во Порто

Шпанскиот ветеран Икер Касиљас ќе ја брани мрежата на Порт и во следната сезона, Касиљас потпиша нов едногодишен договор.

Касиљас во недела ќе го прослави својот 37. роденден, раководството на клубот му понуди продолжување на соработката по освојувањето на шампионската титула во Португалија, иако медиумите шпекулираа дека нема да го направат тоа.

“Ммногу сум среќен што останувам во Порто. Се шпекулираше дека ќе заминам но мојата намера секогаш беше да останам. За среќа, тоа се случи. Кога пристигнав во Порто, цел беше да се освојуваат титули, имавме лош период, но сега се е добро и уживаме”, изјави Касиљас за местото на клубот. 

Касиљас во Порто пристигна во 2015 година од Реал Мадрид со богато искуство и трофеи, како на клупски, така и на репрезентативни нивоа.