Connect with us

Фудбал

Катаклизмата на Мбапе на Енфилд, го одигра еден од најлошите натпревари во кариерата

Фудбалерите на Ливерпул синоќа во 5. коло од Лигата на шампионите го победија тимот на Реал со 2:0, а Килијан Мбапе беше најголемиот губитник во редовите на мадридскиот тим.

Имено, францускиот напаѓач имаше можност на половина час пред крајот на натпреварот и кога резултатот беше 1:0 за Ливерпул, од пенал да донесе израмнување на својот тим. Тој ја намести топката на белата точка и шутираше десно, но беше доста лошо и Келехер одлично одбрани и го остави својот тим во водство. Освен промашениот пенал, Мбапе приреди уште една очајна партија во дресот на Реал и веројатно една од најлошите во кариерата. Загуби седум од 13 дуели и имаше дури 15 загубени топки. Успешноста на додавањата му беше 75 проценти, додека имаше половина од успешноста на  дриблинзи (3/6).

Интересно, тој не создаде ниту една шанса, а на крајот доби скромна оценка од 5,8 од специјализирани портали. Францускиот L’Equipe беше уште построг и му даде мизерна оценка 2 (од 10). Мбапе оваа сезона забележа 18 настапи во сите натпреварувања, постигна девет гола и забележа две асистенции.