Connect with us

Фудбал

Каталонците бараат замена за Иниеста, Меси го сака Пјаниќ во Барселона

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ во текот на летото може да го напушти Јувентус.

И покрај тоа што го освои Скудето и Купот во Италија со Јувентус и одигра важна улога во Европа, Пјаниќ сепак можеше да ја промени средината ова лето. За Пјаниќ интерес прикажа шпанските гиганти.

Во медиумите прво се пишуваше дека тој би можел да игра во Реал Мадрид, сега се спомнува Барселона, а според информациите кои кружат на интернет, најдобриот играч на светот сака да го види во Барселона!

„Калчомеркато“ кој се повика на „Дон Балон“ пишува дека желбата на Меси е Пјаниќ, кој претходно беше на мета на „Каталонците“.

Очигледно, Меси е свесен за квалитетот на Пианиќ и сака да го види во дресот на Барселона.

Инаку „Дон Балон“ е познат како медиум кој создава гласини и дали барем малку има вистина во ова, ќе покаже времето.