Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кавани му закажа рандеву на Франција

Актуелниот првак на Европа се враќа дома. Уругвај успеа да триумфира над Португалија со 2: 1 и со тоа обезбеди пласман во четврт-финалето од Мундијалот во Русија, а таму ќе се соочи со Франција.

Натпреварот се уште не беше што се вели започнат, а Уругвај биеше во голот на Португалија за рано водство од 1:0. Стрелец на голот беше Единсон Кавани.

Суарез во 22. минута од натпреварот имаше можност да ја дуплира предноста, но топката ја одбрани голманот на Португалија.

Португалија не успеа да изедначи во првото полувреме, но затоа тоа го направи на почетокот од второто.

Радоста на Португалија не траеше долго. Повторно Кавани ја затресе мрежата на противникот.

Во 70. минута Португалците имаа можност преку Силва да дојдат до водство, но тоа беше само шанса за постигнување гол.

Откако Кавани добро ги среди Португалците приморан беше да го напушти теренот поради повреда, а резултатот остана не променет до крајот на натпреварот.