Connect with us

Фудбал

Кејлор Навас кариерата ја продолжува во Нотингем Форест

Искусниот 36-годишен голман Кејлор Навас ја прифати понудата од Нотингем Форест да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Костариканецот го загуби местото во стартниот тим на Пари Сен Жермен, моментално е резерва на Џиџи Динарума и доби неколку понуди за продолжување на кариерата.

Еден пристигна од Саудиска Арабија од Ал Наср, клубот во кој неодамна се пресели Кристијано Роналдо . Сепак, Навас им се заблагодари за понудата и рече дека сака да остане во Европа.

Во меѓувреме, тој беше контактиран од Нотингем Форест и му се допадна идејата да се испроба во елитната англиска лига во неговите подоцнежни години, откако во досегашната кариера, покрај во Костарика (Саприс), бранеше и во Шпанија ( Албасете, Леванте, Реал Мадрид) и Франција (ПСЖ).

Навас даде согласност, а останува двата клуба да се договорат за реализација на трансферот.

Кејлор Навас ја освојуваше Лигата на шампионите три пати по ред со Реал Мадрид (2016 против Атлетико Мадрид, 2017 против Јувентус и 2018 против Ливерпул).