Connect with us

Кошарка

Кер: Размислував да дадам отказ

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер изјави дека не можел да го препознае својот тим во првото полувреме од седмиот натпревар во финалната серија на Западна конференција против Хјустон.

„Вориорс“ обезбедија финале на НБА за четврта година по ред, откако ги совладаа „Рокетс“ со 101:92 во решавачкиот меч.

Хјустон беше многу подобар во првите две четвртини, па на полувреме имаше 11 поени предност. Сепак, „воините“ направија пресврт во третата четвртина.

Тој објасни дека не можел да го препрознае својот тим во првите две четвртини.

– Ние сме заедно четири години и никогаш не сум видел така да играат. Тие беа премногу нервозни, но тоа беше бизарно полувреме. Нашиот талент беше пресуден. Толку едноставно. Ги имаме тројцата најдобри шутери и сите беа добри во втората половина, рече Кер.

За титулата, шампионот ќе се бори со Кливленд Кавалиерс, кои минатата година ги победија со 4:1.

Првиот натпревар е закажан за ноќта помеѓу четврток и петок.