Connect with us

Ракомет

Киелце сака да се натпреварува во СЕХА лигата

Првиот човек на Киелце, Бертус Сервас најави дека е заинтересиран неговиот клуб од следната сезона да биде дел од СЕХА лигата.

Регионалното натпреварување во новото издание може да биде и најсилно во досегашното постоење откако има најави за враќање на Веспрем, како и потпишување на договор со Висла Плоцк и Пик Сегед.

Претходно веќе имаше најави за зголемување на бројот на екипите кои ќе настапат во СЕХА и неофицијално се говореше дека постои реална шанса екипите да се поделат во две групи, а победникот да се добие на завршен турнир на кој ќе настапат четирите најдобри клуба.