Connect with us

Други спортови

Кина е најуспешна на Параолимписките игри

ОТКАКО на последниот ден од Параолимписките игри во Париз се одржаа маратонските трки во сите четири категории, познат е конечниот пласман на земјите освојувачи на медали. Најуспешни се Кинезите со 220 медали од кои 94 златни, 76 сребрени и 50 бронзени медали. Втори се Британците со 124 медали, од кои 49 златни, 44 сребрени и 31 бронзени.

Американците се трети со 36 златни, 42 сребрени и 27 бронзени за вкупно 105 медали.