Connect with us

Други спортови

Кирјиос објави слика од цистата која ја пронашле во неговото колено – „морничаво“

Ник Кирјиос објави дека нема да игра на Австралија опен, неговиот домашен Грен слем, поради повреда на коленото. Австралискиот тенисер потоа на Инстаграм објави фотографија од цистата која лекарите му ја пронашле на коленото при операција. Да потсетиме, Кирјиос поради болки во коленото се повлече и од Купот на Јунајтед кој требаше да послужи како подготовка за Австралија опен.

Во понеделникот свика вонредна прес-конференција на која соопшти дека му е констатирана пукнатина на латералниот менискус и дека има циста, поради што морал да оди на артроскопска операција. Кирјиос, кој е рангиран на 21-то место во светот, во вторник требаше да игра со Русинот Роман Сафиулин, чиј противник сега ќе биде Американецот Денис Кудла, среќен губитник од квалификациите.

Кирјиос важеше за еден од аутсајдерите на Австралија опен, особено откако стигна до финалето на Вимблдон минатата година, каде беше поразен од Новак Ѓоковиќ, со кого беше во истата четврт-финална ждрепка неговиот прв турнир во 2023 година.

 

„Морничави фотографии“
„Уништен сум. Ова е мојот домашен турнир за кој имам убави спомени. Минатата година ја освоив титулата во двојки и го играв веројатно најдобриот тенис во мојот живот. Требаше да влезам на турнирот како еден од фаворитите. Ова е брутално Сè што можам да направам е да гледам напред, да го направам она што е потребно и да се вратам“, рече 27-годишниот Киргиос.

Физиологот на Киргиос, Вил Махер, откри дека мало кинење на левиот менискус предизвикало развој на циста, која треба да се отстрани хируршки. „Ник пробал се, до тој степен што минатата недела имаше процедура каде се користи шприц за сушење на цистата.

Ник има прилично морничави фотографии. Тој даде се од себе по хуманитарниот меч против Новак Ѓоковиќ, но беше јасно дека со секој настап станува се поболно“, изјави Махер.