Connect with us

Фудбал

Кој ќе го замени Кристијано Роналдо? Пет играчи на списокот на Реал Мадрид

Во претходните неколку дена се зборуваше за тоа дека Кристијано Роналдо го напушта Реал Мадрид, а наводно Јувентус веќе има подготвено понуда за еден од најдобрите играчи на светот.

Роналдо во Реал Мадрид пристигна пред девет години, а со „Кралевите“ освои повеќе титули. Сепак, во последно време се повеќе се зборува за тоа дека Португалецот го напушта „Сантијаго Бернебеу“, а угледниот весник Марка објави дека Јувентус подготви понуда од 120 милиони евра.

Флорентино Перез свика итен состанок во просториите на клубот, а тоа говори за сериозноста на оваа ситуација. Перез сака да го слушне мислењето на Роналдо, односно дали тој сака да го напушти Реал Мадрид. Доколку Португалецот каже дека е време за разделба, се очекува дека Перез нема да му прави проблеми.

Во Реал Мадрид полека, полека почнаа да размислуваат што ќе биде откако Роналдо ќе го напушти клубот, а веќе се прави и листата на играчи кои би можеле да го заменат овој играч. На листата на желби на „Кралевите“ се наоѓаат пет фудбалери, а тоа се Еден Азард, Килијан Мбапе, Хари Кејн, Нејмар и Антоин Гризман.

Марка објави дека Нејмар е прва желба на Перз. Исто така во последно време со „Кралевите“ често се поврзуваат со Мбапе, но и тоа е само една од низата на бројни шпекулации.