Connect with us

Тајмаут

Колку ќе заработи Милорад Мажиќ како судија на финалето од ЛШ?

Српскиот судија Милорад Мажиќ ќе ја дели правдата на вечерашното финале од Лигата на шампионите во кое играат Реал Мадрид и Ливерпул во Киев.

Мажиќ без сомнение е еден од најдобрите судии во светот и конечно доби шанса да суди во големото финале, а многумина се прашуваат колку пари ќе заработат од вечерашното финале.

Одговорот е многу едноставен. Финалниот натпревар нема да му донесе повеќе пари од обичните натпревари од Лига на шампионите, така што Мажиќ ќе добие 4.500 евра на својата сметка.

Неговите асистенти ќе добијат нешто поскромен износ и ќе го напуштат Киев побогат за, од 2.000 до 2.500 евра.

Сепак, судиите, како и Мажиќ, вистинска заработка ги очекува на Светското првенство во Русија. Главните судии веќе имаат договор на 57.000 евра за судењето, а секој натпревар ќе им донесе 2.500 евра.

Помошниците имаат договори од 20.000 евра, плус 1.600 евра за секој натпревар на кој се делегирани.