Connect with us

Фудбал

Колку пари заработи Динамо само од вечерашната сензационална победа?

Фудбалерите на Динамо го победија Челзи со 1:0 во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.

Со голот на Оршиќ во 13. минута, Динамо приреди сензација и го сруши фаворизираниот Челзи кој вечерва не беше на своето ниво.

Оваа победа на Динамо му донесе 2,8 милиони евра. Вкупно Динамо само од премиите на УЕФА заработи повеќе од 18 милиони евра, а групната фаза само што започна.

Кога ќе се додадат приходите од маркетинг и коефициентот, таа сума се искачува на 23 милиони евра.

Главната цел на хрватскиот шампион оваа сезона е да заработи многу, а во тоа и успеа. Влегувањето во групната фаза донесе минимум 15,64 милиони евра, а секоја победа ќе донесе дополнителни 2,8 милиони евра, додека за реми ќе добијат 930.000 евра.

Евентуален пласман во нокаут фазата носи дополнителни 9,6 милиони евра, додека влезот во четвртфиналето би донел 10,6 милиони евра.

Пласманот во полуфиналето носи дополнителни 12,5 милиони евра, а финалистите добиваат по 15,5 милиони евра. Дополнителни 4,5 милиони евра ќе добие и освојувачот на Лигата на шампионите.

Во секој случај, касата на Динамо повторно ќе биде наполнета до самиот врв.