Connect with us

Фудбал

Колку заработуваат фудбалските ѕвезди на теренот и надвор од него: Роналдо нема конкуренција

Специјализираниот магазин Форбс објави нова листа на најплатени светски фудбалери, а иако се во доцните играчки години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се уште се на врвот на листата. Кристијано Роналдо нема конкуренција! Португалецот за една година заработил 263 милиони долари, од кои 202 се на теренот, а 61 надвор од него поради спонзорски договори. На второ место е Лионел Меси, кој во САД заработи 125 милиони евра, од кои 55 милиони евра заработи на теренот, а повеќе од тоа надвор од теренот – 70 милиони евра.

Интересно, на третото место е играч кој не се сеќава кога последен пат шутнал топка, но за тоа време заработил 102 милиони евра. Секако, станува збор за Нејмар, кој четири петтини од таа сума заработи на теренот, а една петтина на сметка на спонзорските договори. На четврто место е Карим Бензема (96 милиони евра), а на петто Килијан Мбапе (87 милиони евра).