Connect with us

Фудбал

Клoп може само да седи и да плаче: Каков удар за Ливерпул пред финалето!

Фановите на Ливерпул денеска добија страшни вести од новинарот кој го следи овој клуб.

Само неколку дена пред најважниот натпревар од деценијата, финалето на Лигата на шампионите, еден од најдобрите играчи на овој тим, Роберто Фирмино се повреди. Оваа вест е потврдена од новинарот Пол Џојс кој внимателно го следи тимот.

Како што пренеси, Фирмино се повредил на тренингот, поради повредата на зглобот, се запрашаа дали ќе биде подготвен за спектаклот во Киев. Се разбира, доколку не е подготвен, тоа ќе биде голем удар за Црвените, бидејќи тој е можеби нивниот најважен играч и највредниот играч кој прави огромна работа за клубот.

Колку е важен за тимот покажува статистиката. Досега постигна 27 гола со 17 асистенции. Ако не може да игра, во напаѓачкото трио треба да игра Доминик Соланке кој постигна само еден гол оваа сезона.

Сепак, навивачите на Црвените надеваат дека Фирмоно ќе биде во стартниот состав против Реал.