Connect with us

Ракомет

Комплетиран тренерскиот тим за кампот „Кирил Лазаров 7“

На еден месец до стартот на четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазартов 7“, најдобриот македонски ракометар Кирли Лазаров го комплетираше тимот кој ќе работи со младите таленти.

– Нашите тренери се еден од поважните фактори кои придонесува да имаме успешен и квалитетен камп. Сакаме и даваме шанса на сите квалитетни и амбициозни помлади тренери од Македонија кои сакаат да бидат дел од кампот, истовремено благодарни сме за прифаќањето на соработката од нивна страна, изјави Лазаров.

Оваа година, своето искуство на кампот ќе го пренесат тренери од различни земји: Морген Вајс некогашниот селектор на младите дански репрезентативци, Патрик Петерсен најнаградуваниот млад дански тренер кој во моментов дел од РК ” Ајакс Копенхаген, Оља Кецман некогашна репрезентативка на Југославија денес врвен тренер во женскиот ракомет која ни доаѓа од Данск и македонската ракометарка Наташа Коцевска која има будселигашко искуство.