Connect with us

Фудбал

Конте даде соодветен одговор на Ричарлисон: Тој е во право кога вели дека неговата сезона е „ср*ње“

Менаџерот на Тотенхем , Антонио Конте не дава знаци дека ќе ги напушти Спарс, велејќи дека ќе „умре за овој клуб“ до крајот на сезоната. Лондонскиот тим не се претставува особено добро во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во 1/8-финалето од Милан. Викендот Тотенхем е домаќин на тимот на Нотингем.

Конте очекува „време и трпение“ за настап на Тотенхем

„Ако ме прашате сега дали сум подготвен да умрам за овој клуб? Одговорот е да. Подготвен сум да умрам за овој клуб до крај. Но, не сум толку глупав да се убијам“, изјави тој, опишувајќи го неговиот договор со клубот како чуден .

„Знаете дека со клубот потпишавме договор, чуден договор, на година и пол. Нормално потпишувате на три години, но мислам дека клубот и јас сакавме да видиме како ќе се развива ситуацијата. За клубот да разбере мојата личност, мојот капацитет како тренер и за мене – од моја страна беше исто. Ајде да дознаеме дали сме на исто мислење и гледаме во иста насока. Сега после година и пол клубот ме познава, го знам клубот и ситуацијата е јасна.Мораме да ја завршиме сезоната и потоа ќе видиме што ќе се случи. Клубот одлично знае што мислам. Подготвен сум да умрам за овој клуб до крајот на сезоната .

Ричарлисон изрази сериозно незадоволство поради недостатокот на минутажа, директно напаѓајќи го стручниот штаб. Сепак, менаџерот на Тотенхем откри дека Бразилецот се извинил за тоа што се случило.

„Тој започна силно против нас, потоа се повреди и отиде на Светското првенство и доби уште една повреда која беше сериозна. Се врати кај нас и беше надвор од терените еден месец. Тој нема голови за нас во Премиер лигата, само два во Лигата на шампионите и беше доволно искрен да каже дека неговата сезона не беше една од најдобрите. Ричарлисон ги сфати своите постапки и се извини, што е добро затоа што имав можност друг пат да го објаснам духот на тимот“, заклучи Конте. Засега, Италијанецот останува на чело, но има тврдења дека некои од играчите на Тотенхем го молеле Маурисио Покетино да се врати .