Connect with us

Фудбал

Конте му ги соопшти лошите вести на Рома, Мората е 100% подготвен

Антонио Конте потврди дека Мората ќе биде достапен за натпреварот во Лигата на шампионите. Италијанецот рече: “Алваро е во тимот за утрешниот натпревар. Тој тренира со нас и е целосно подготвен”.

Морато има постигнато седум гола за Челзи оваа сезона по неговиот трансфер од Реал Мадрид во текот на летото.

“Добро е да се мотивираме и да работиме напорно за да се подобриме. Фудбалот е спорт кој многу брзо се менува. Имаме шанса да го сториме тоа утре. Во саботата не бевме доволно добри, мора да работиме напорно за да се обидеме да го освоиме следниот натпревар. “