Connect with us

Кошарка

Кошарка М14: Партизан Мулти Шпед и Вардар ќе се борат за трофејот

Кошаркарите на Партизан Мулти Шпед и на Вардар ќе играат во финалето на завршниот турнир во возрасната категорија до 14 години од македонскиот шампионат.

Ова е епилогот по вчерашните полуфинални натпревари на кои Партизан го совлада домаќинот на турнирот МВП Струмица со 78:51, а Вардар беше подобар од Дино Баскет со 84:57.

Финалето на Ф4 турнирот е закажано за попладне од 17 часот и 30 минути, два и пол часа претходно ќе се игра натпреварот за 3.место.