Connect with us

Фудбал

Ковач: Тажен сум што си одам од Ајнтрахт

Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Нико Ковач по победата во финалето на германскиот куп против Баерн Минхен, рече дека му е мило за трофејот, но е вознемирен поради напуштање на клубот.

Во следната сезона, Хрватот ќе го предводи токму Баерн.

– Среќен сум за клубот, навивачите и мојот прекрасен тим. Ако се обединиш, можеш да постигнеш се. Тимот го докажа тоа. Минатата година не победивме, но тоа го направивме ова сезона. Не можеме да кажеме дека го освоивме трофејот не заслужено. Мило ми е за титулата, но во исто време сум вознемирена што си одам, изјави Ковач.

Под негово водство, Ајнтрахт синоќа во Берлин го совлада Баерн со 3:1 и стигна до трофејот во германскиот куп по пауза од 30 години.