Connect with us

Фудбал

Кралот го повика селекторот на Мароко по првиот пораз на Мундијалот

Мароканскиот крал Мохамед VI. го повика селекторот на фудбалската репрезентација Валид Реграги по поразот од Франција (0:2) во полуфиналето на Светското првенство во Катар, објавија мароканските медиуми. Мароко е првата африканска репрезентација која влезе меѓу четирите најдобри на Светското првенство.

Кралот им се заблагодарил и им честитал на Реграги и на играчите за сè што направиле на турнирот, нарекувајќи го нивното патување „брилијантно достигнување“. Тој го пофали селекторот бидејќи успеа да создаде пријателска средина откако ја презеде функцијата пред неколку месеци со заминувањето на Вахид Халилхоџиќ, а истакна дека Мароканците во Катар покажале „спортски дух“.

Тој разговараше со капитенот Ромен Саиса и му посака брзо закрепнување од повредата и го пофали начинот на кој ги водеше соиграчите во натпреварувањето. Да потсетиме, Мароко го освои првото место во групата пред Хрватска. Во осминафиналето на пенали ја елиминира Шпанија, а потоа во четвртфиналето Португалија. По поразот од Франција за третото место ќе играат против Хрватска.