Connect with us

Фудбал

„Кристијано Роналдо веќе потпиша за Јувентус и ги помина лекарските прегледи во Минхен“

 

Во шпанските медиуми вчера се појави вест дека Кристијано Роналдо го напушта Реал Мадрид и својата кариера ќе ја продолжи во Јувентус, а трансфер сагата продолжува и денеска.

Италијанските медиуми во неколку наврати објавија дека менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш веќе разговараше со челниците на Јувентус, и дека условите за договорот се договорени. Јувентус е подготвен да плати 120 милиони евра за Роналдо, а официјалната понуда наскоро би требала да се најде на масата на „Кралевите“.

Врз основа на ваквите вести се огласи и некогашниот генерален директор на „Старата дама“ Лучијано Моџи кој изјави дека е сигурен дека Роналдо веќе потпиша за Јувентус. Моџи кој беше во центарот на вниманието по скандалот со местењето на натпревариво 2006. година кажа дека во наредните денови се ќе се официјализира.

„Роналдо веќе потпиша за Јувентус. Лекарските прегледи ги помина во Минхен. Сето ова сакаа да го направат во тајност и се чини дека успеаа. Сепак моите извори ми открија дека се е завршено и дека тој е новиот фудбалер на Јувентус“, рече Моџи.