Connect with us

Други спортови

Крвта не е вода: Незаборавна сцена на трката во Формула 1 и мајсторијата на Мик Шумахер

Големата награда на Австрија, донесе големи возбудувања

 

На врвот гледаме голема борба меѓу Шарл Леклер и Макс Верстапен, но во 25-от круг видовме ситуација која е невидена во Формула 1.

Дури пет болиди влегоа во истиот свиок за време на трката, каде најдобро се снајде Мик Шумахер, кој мајсторски ги претекна поискусните и подобри колеги.

 

Со Шумахер во аголот беа Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Валтери Ботас и Кевин Магнусен.

Инаку, Шамхер вози одлична трка и има добри шанси да врзе две трки со бодови.

 

Да потсетиме, минатата трка ги освои првите бодови во кариерата.