Connect with us

Фудбал

Кулибали заминува од Наполи и веќе е завршен трансферот на неговата кариера

Италијанските медиуми пренесуваат дека Калиду Кулибали летово ќе го напушти Наполи.

Овој 31-годишен дефанзивец веќе осум години игра за Наполи и во претходните сезони постојано се шпекулираше дека ќе направи голем трансфер, но клубот од Неапол не сакаше да го продаде.

Сепак, се чини дека ситуацијата е променета бидејќи Кулибали има само една година од договорот и Наполи сака да го избегне сценариото тој да замине без обештетување следното лето.

Англиските медиуми објавија дека Кулибали летово решил да го напушти Наполи и конечно да направи исчекор во кариерата бидејќи е свесен дека не останува уште многу време за ваков потег.

 

Наводно, Колибали е на прагот да се пресели во Челзи каде треба да биде замена за Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен кои летово го напуштија лондонскиот клуб.

Наполи од продажбата на Кулибали треба да заработи околу 40 милиони евра, а очекуваат овој дефанзивец да потпише договор со сините до летото 2025 година.

Овој Сенегалец порасна во Мец, а во кариерата настапуваше и за Генк и Наполи.