Connect with us

Фудбал

Ла Лига го одложи тендерот за ТВ права поради Каталонија

Тендерот за пренос на телевизиските права за натпреварите од шпанскиот фудбалски шампионат е одложен за две недели поради состојбата во која се наоѓа Каталонија и можноста Барселона да биде исклучена, изјави денеска претседателот на Ла Лига.

Каталонскиот референдум ја донесе во длабока политичка криза Шпанија, а голем број сегашни и поранешни фудбалери го поддржаа референдумот за отцепување на тој дел од Каталонија.