Connect with us

Фудбал

Лампард влегува во тренерските води, веќе најде клуб?

Познатиот Англичанец, Френк Лампард е близу до првата тренерска работа.

Откако се збогува од фудбалот во февруари 2017, поранешниот фудбалер на Челзи и претставник на Англија одлучија да започне тренерска кариера и сега е на прагот на првиот ангажман.

Медиумите известуваат дека Лампард може да го преземе Дерби Каунти и веќе е во преговори, а наводно останало да се договорат за последните детали.

“Заинтересирани се за мене во Дерби, зборувавме. Амбициозен сум и во одреден момент би сакал да станам менаџер, тоа е голем клуб со славна традиција”, рече Лампард.