Connect with us

Фудбал

Лапорта на шега го спомна Бернардо Силва, а веднаш му одговори Пеп Гвардиола

Барселона и Манчестер Сити ќе одиграат хуманитарен натпревар за шпанскиот тренер Хуан Карлос Унзуе.

Унзуе пред неколку години потврди дека боледува од АЛС и неговата состојба од година во година се влошува.

Затоа Барселона и Манчестер Сити на чело со Пеп Гвардиола решија да му помогнат на поранешниот тренер, но и на многу луѓе кои боледуваат од оваа неизлечива болест.

Денеска на „Камп Ноу“ се одржа прес-конференција на која беше најавена средбата меѓу Барселона и Сити, а покрај Унзуе на сцената се појавија и Жоан Лапорта и Гвардиола.

Шпанските медиуми снимија интересна средба помеѓу Лапорта и Гвардиола и моментот кога претседателот на Барселона се пошегува на сметка на Бернардо Силва. Познато е дека овој играч на Сити е на мета на Барселона, а Лапорта ја искористи можноста да го вклучи во приказната.

„Ќе ги донесеме нашите најдобри играчи на натпреварот против Барселона кој се игра во чест на Унзуе и луѓето кои страдаат од АЛС“, рече Гвардиола, а потоа интервенираше Лапорта.

„Дури и Бернардо Силва?“ му вика Лапорта, а Гвардиола со насмевка одговори: „Бернардо Силва и уште десет играчи“.

„Мислам дека Бернардо ќе остане во Манчестер Сити следната сезона, но како што секогаш велам не сакам да ги чувам играчите ако не се задоволни. Нашата цел е тој да остане, но ако не е задоволен од таа одлука тогаш ние ќе зборуваме за тоа“, заклучи тренерот.