Connect with us

Фудбал

Ларсон: Шведска знае како да ја победи Англија

Швеѓаните можат да ја поразат Англија, ако играат на врвот на своите можности, како што прават од почетокот на Светското првенство во фудбал, изјави полудефанзивецот на тимот Себастијан Ларсон.

Тој го помина поголемиот дел од својата кариера во двете највисоки нивоа на англискиот фудбал, а од новата сезона потпиша договор со АИК Стокхолм.

– Треба да се концентрираме на нашата сопствена игра. Докажавме на нас самите и на сите други, дека кога играме на врвот на нашите можности, можеме да победиме секој тим. Нема да правиме нешто различно и против Англија, изјави играч од средниот ред.

Тој изјави дека со нетрпение го очекува овој натпревар.

– Тоа е четвртфинале на светско првенство и згора на тоа ќе играме против Англија, каде поминав цели 17 години. Сигурно ќе биде нешто посебно. Го почитуваме противникот, но ќе се концентрираме на нашите сопствени можности, без разлика колку се добри Англичаните, смета Ларсон.