Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс потенцијално останува уште три години во ЛА Лејкерс со мега договор

Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари на сите времиња, е близу до продолжување на својата кариера со Лос Анџелес Лејкерс, откако му е понуден договор на три години вреден 162 милиони долари.

Во рамките на овој договор, Леброн ќе земе 50 милиони долари во првата година, потоа 54 милиони во втората и 58 милиони во третата. Џејмс, кој има 39 години, игра за Лејкерс од 2018, а со нив ја освои НБА титулата во 2020 година.

Минатата сезона имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока, но Лејкерси беа елиминирани од плеј-офот во првото коло од Денвер Нагетс.

Advertisement