Поврзи се

Кошарка

Леброн: Сум губел и со 3-1

Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс, не е многу загрижен по поразот од Индијана на стартот од разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Кливленд синоќа загуби на домашен терен од Индијана со 98:80 во серијата прв до четири победи.

Ниту трипл-дабл (24 поени, 12 асистенции, 10 скокови) ефектот на Леброн не беше доволен да се избегне поразот.

– Не треба да паничиме. Има уште многу натпревари до крајот. Губиме со 1-0, ама сум губел и со 3-1, па на крајот пак победивме. Овој натпревар е уште едно искуство за нас. Мислам дека во следните натпревари сите ќе бидеме посмирени и порецизни, рече Џејмс.

И вториот дуел од 1.коло во плеј-офот ќе се игра во Кливленд, закажан е за ноќта среда кон четврток.

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Кошарка

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com