Connect with us

Фудбал

Левандовски го воодушеви светот со својот џентлменски потег и му покажа на Роналдо како се прави тоа

Во понеделникот во Париз се одржа церемонијата на доделување на Златната топка, што предизвика многу полемики.

Лионел Меси е избран за најдобар играч во светот во 2021 година, за кого тоа беше рекордна седма Златна топка во кариерата.

Сепак, многумина сметаат дека Меси не заслужил да ја освои Златната топка оваа година, а дека пред него сигурно е Роберт Левандовски, кој веќе неколку сезони блеска во дресот на Баерн.

Левандовски заврши на второто место, откако претходно ја доби наградата за најдобар напаѓач во светот што Франс Фудбал одлучи да ја воведе оваа година.

Полјакот остана без Златната топка минатата година кога имаше неверојатна година со Баерн, но не ја доби оваа награда бидејќи церемонијата не се одржа поради пандемијата на коронавирус.

Сепак, германските медиуми се воодушевени бидејќи Левандовски ја покажа својата класа со џентлменски потег.

Имено, Левандовски пристигна со сопругата Ана во Париз на доделувањето на наградите, иако претходно знаеше дека нема да ја освои Златната топка. Но поради тоа не сакаше да го откаже доаѓањето, што воодушеви многумина.

Германскиот Билд објави дека Левандовски на тој начин ја покажал својата класа за разлика од Кристијано Роналдо кој често не доаѓал на церемониите на Златната топка кога веќе знаел дека нема да ја освои оваа награда.

Франс Фудбал пред доделувањето на наградата го известува фудбалерот кој ќе ја добие наградата бидејќи пред тоа се снима прилог за него во кој учествуваат неговото семејство и пријателите.