Connect with us

Фудбал

Левандовски за плус осум на Барса

Каталонците славеа против Бетис во Севиља со 2:1.

Победничката серија на Барселона продолжи. Каталонците славеа во Севиља против Бетис со 2:1, па во 2023 година знаат само за триумфи.

Одложениот натпревар од 17. коло го решија со головите во вториот дел на Рафиња и Левандовски, а домаќинот само со автогол на Кунде во 85. минута успеа да дојде до неизвесна завршница. Тимот на Чави сега има осум бода повеќе од второпласираниот Реал, но со натпревар повеќе од најголемиот ривал од Мадрид.