Connect with us

Фудбал

Лихтенштајн поразен со четири гола

Трет триумф за нашиот нацинален тим вечерва во Струмица. По осум натпревари конечно радост на домашен терен. Лихтенштајн дома се враќа поразен, со примени четири голови.

Точно три години 09 Октомври 2014. кога во Скопје го победивме Луксембург, сега, три години подоцна издвоивме победа над Лихтенштајн.

Македонија заврши на 5. позиција на овие квалификации, што е чекор погоре од последните квалификации за европско и светско првенство.

Формата, игрите, резултатите во оваа 2017. година во втората половина од циклусот се позитивен сигнал и влеваат надеж дека Македонската фудбалска репрезентација ќе се придвижи кон посакуваната насока.

Струмица ова лето беше среќен терен за дел од нашите претставници во Европа, откако одигравме нерешено со Албанија, циклусот Македонија го завршува со полн погодок. 4-0 против Литенштајн, по два гола во двете полувремиња.