Connect with us

Фудбал

Лионел Меси ја потврди големата вест: „Нервозен сум бидејќи знам дека е готово“

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси (35) денеска потврди дека Светското првенство во Катар ќе му биде последно.

Меси реши да се прости од репрезентацијата на Аргентина. Веројатно тоа ќе го направи веднаш по завршувањето на Мундијалот, но сигурно е дека повеќе нема да го видиме на СП.

„Ги бројам деновите до почетокот на Светското првенство. Има малку нервоза и би сакал да се игра сега“, изјави Меси и додаде:

„Да, ова сигурно ќе биде моето последно Светско првенство. Веќе го решив тоа. Има нерви и прашања што ќе се случи, но одлуката е донесена“, изјави Меси, кој не ги смета „гаучосите“ за фаворити за титулата.

„Не не сметам за фаворити. Има репрезентации кои се пред нас, но ќе се бориме против секого“, е пораката на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Волшебникот од Росарио сигурно ќе ја продолжи фудбалската кариера. Има многу информации кои велат дека тој ќе се врати во Барселона во 2023 година.

Конечната одлука за овој случај се уште не е донесена. ПСЖ сака да го задржи, но Барселона е домот на Лео и тој дефинитивно би сакал да ја заврши кариерата во клубот во кој ги доживеа најубавите моменти во кариерата.

Меси сигурно ќе направи се за да ја одведе Аргентина до титулата во Катар. Тоа би била круна на големата кариера на славниот Аргентинец.

Да потсетиме, „гаучосите“ беа многу блиску до освојување на титулата во 2014 година, но во финалето на познатата Маракана беа поразени од Германија со 1:0.

Лионел Меси дебитираше во дресот на репрезентацијата на Аргентина во 2005 година. Тој одигра 164 натпревари и постигна 90 голови.

Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ освои апсолутно се во својата клупска кариера, а со Аргентина во 2021 година конечно го освои трофеј освојувајќи ја Копа Америка.