Connect with us

Фудбал

Ливерпул ги менува приоритетите во летниот преоден рок

По катастрофалните грешки на голманот Лорис Кариус во финалето од Лигата на шампионите, раководството на Ливерпул ги менува приоритетите околу активностите во летниот трансфер период.

Ангажирањето на голман од повисок ранг беше на листата на активности во клубот од Енфилд, но по очајните реакции на Кариус сега приоритетите се менуваат и во прв план е трансфер на нов чувар на мрежата.

Неофицијално прв на листата на желби е Јан Облак од Атлетико Мадрид, но се чини дека тоа прескапа опција за Ливерпул со оглед на фактот дека за него треба да се плати сума од 100 милиони евра.

На второто место е Алисон Бекер од Рома, кој најчесто се споменуваше како опција за засилување на голманската позиција, но италијанскиот тим по добрите резултати во шампионската лига и финансиското стабилизирање тешко дека ќе се реши да се откаже од услугите на бразилскиот голман.

Трет најсериозен кандидат за преселба на Енфилд Роуд е голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, кој во моментов е најевтината варијанта, а претставува и инвестиција на подолг рок.

Во конкуренција е и едно домашно решение, а тоа е голманот на Стоук, Џек Батланд, кој сигурно си заминува од клубот и е на најдобар пат да биде првиот голмански избор во репрезентацијата на Англија.

Со оглед на големите проблеми со кои се соочува Јирген Клоп и раководството на клубот долга е листата на можни кандидати која се надополнува со имињата на Каспер Силесен, Ник Поуп, Бернд Лено, а како опција се наведува и Џанлуиџи Буфон, но тоа е краткорочно решение и сигурно не влегува во плановите на менаџерот и челниците на клубот.