Connect with us

Фудбал

Ливерпул за 50 милиони евра го донесе Фабињо од Монако

Ливерпул официјално се договори со првото големо засилување за новата сезона, од следната сезона на Енфилд ќе го гледаме Бразилецот, Фабињо кој за 50 милиони евра премина од редовите на Монако во редовите на Ливерпул.

„Потпишавме со фантастичен играч, а воедно станува збор за личност која е еднакво квалитетна и надвор од теренот. Тој може да игра на неколку позиции. Тактички е спремен. Мислам дека тоа ќе го подобри нашиот тим, и не можете да го кажете тоа за многу играчи. Ми се допаѓа тоа што е млад, а исто времено и многу искусен играч“, изјави Клоп.