Connect with us

Фудбал

Лопетеги не се откажува од Карвахал

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Хулен Лопетеги нема намера да се откаже од услугите на бекот на Реал Мадрид, Карвахал кој заработи повреда во финалето од Лигата на шампионите.

Дани Карвахал во саботата предвреме го напушти финалето со Ливерпул, а медицинските прегледи покажале прекин на мускулни влакна на неговата нога, повреда што бара рехабилитација од околу три седмици.

Тој ќе пропушти најголем дел од подготовките на својата репрезентација и не се знае дали ќе закрепне до стартот на Мундијалот закажан за 14 јуни.

И покрај тоа, Лопетеги е решен да му даде шанса на одбранбениот фудбалер на европскиот шампион.