Тајмаут
Луда игра на бројки: Ватфорд ја освојува титулата во Премиер лигата?
Ватфорд кој моментално во Премиер лигата игра многу добро би можел да биде новиот првак според теоријата која почна да се шири во последно време.
Имено Лестер кој беше првак во 2016. година, во претходната сезона заврши на 14. место со 41 освоен поен и со 11 победи, 8 нерешени и 19 порази беа едни од кандидатите за испаѓање од лигата.
Следната година Лестер ја освои титулата. Што имаат заедничко Лестгер и Ватфорд.
Имено клубот кој моментално се наоѓа на третата позиција на табелата и има два бода повеќе од актуелниот шампион со четири победи на четири натпревари имаше апсолутно идентичен резултат минатата сезона.
11 победи, 8 нерешени, 19 порази и 14. место на табелата со 41 освоен бод.