Connect with us

Фудбал

Лудница за крај на сезоната: Интер оди во Лигата на шампионите, Небесноплавите се губитници

Неверојатна игра се одигра вечерва на Олимпико, каде што Интер победи со 3:2 и влезе во Лигата на шампионите!

Во последното 38. коло од Серија А, натпреварот помеѓу Лацио и Интер беше дерби на колото.

Во првото полувреме статистиката беше на страната на Лацио, а на полувреме резултатот беше 2:1. Во 9. минута Инав Перишиќ, си постигна авто гол и ги доведе Лацио во водство, а во 29. минута Амбросио, успеа да да изедначи за 1:1. На самиот крај од првото полувреме во 41. минута Андерсон повторно ги доведе во водство Лацио.

Во второто полувреме, во 78. минута Икарди успеа да постигне гол од пенал за израмнување, а само една минута по постигнатиот гол во 79. минута Лулич направи прекршок за втор жолт и доби црвен картон. Во 81. минута Весино успеа да постигне гол и да ги уништи соништата на Лацио за Лига шампиони, а Интер го доведе до првото водство на натпреварот и победа за влез во Лига на Шампиони 2:3.

Со оваа победа Интер се искачи на четвртата позиција на табелата која обезбедува пласман во Лигата на шампионите, а Лацио падна на петтата позиција и ќе игра во Лига европа.