Connect with us

Други спортови

Луис Хамилтон првата позиција на „Силверстоун“

Луис Хамилтон со Мерцедес ги освои квалификациите пред Гран При на Велика Британија во Формула 1.

Во здрава битка со Себастијан Фетел, Англичанецот ја освои шестата пол-позиција на „Силверстоун“ и 76-та во кариерата.

Кими Раиконен остана на третото место со заостанување од 0.098 секунди.

Валтери Ботас со вториот Мерцедес остана четврти, а потоа се наредија Макс Верстапен и Дани Рикардо со Ред Бул, Кевин Магнусен и Ромен Грожан – со Хас, Шарл Леклер со Заубер и Естебан Окон со Форс Индија.