Connect with us

Фудбал

Македонија денеска ги дознава своите ривали за Светското првенство во 2026 година

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае своите ривали во квалификациите за СП 2026 година во САД, Мексико и Канада. Ждрепката ќе се изврши од 12:00 часот во Цирих.

Светското првенство за две години ќе има рекорден број учесници – 48.

„Црвено-жолтите“ ќе бидат во третата урна заедно со Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел.

Ќе бидат извлечени 12 групи – од А до Л. Во првите 6 групи ќе има четири, а во останатите шест пет екипи. Вкупно 16 селекции од зоната на УЕФА директно се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година. Тоа се победниците од 12-те групи, а останатите четири места ќе бидат одредени во март 2026 година во баражот на УЕФА со 16 екипи. На него ќе учествуваат 12-те второпласирани во квалификациската групна фаза и четири највисоко пласирани победници во групите во Лигата на нации 2024/25, кои не се квалификуваа директно за Светското првенство како победници во групите, ниту пак влегоа во баражоте како победници во групите.

Русија нема да учествува на ждрепката. Ќе има и голем број ограничувања и тимови кои нема да се сретнат меѓу себе поради политички причини. Тоа се Украина и Белорусија, Азербејџан и Ерменија, Србија и Косово, Шпанија и Гибралтар и Босна и Херцеговина со Косово.

Поделба по шешири:

Прв: Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Англија, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Данска, Германија, Белгија, Австрија

Втор: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка, Норвешка

Трет: Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел;

Четврти: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Литванија

Петти: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.