Connect with us

Кошарка

Македонија убедливо ја совлада Данска на ЕП во Скопје

Јуниорската репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Данска со 85:54 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б-дивизија, што се одржува во Скопје.

Македонските кошаркари го одиграа најквалитетниот натпревар досега на првенството и успеаа да ја прекинат низата од четири порази.

По израмнетата половина од првата четвртина, избраниците на селекторот Панче Милевски во останатиот дел на натпреварот воспоставија контрола над теренот и имаа резултатска предност која ја одржуваа во текот на целиот натпревар.

Валмир Какруки со 19 поени и девет скока беше најефикасен во македонската репрезентација.

Македонија се бори за пласман помеѓу 17 и 20 место на првенството, а утре ќе игра против Азербејџан.